Денеска свечено ќе биде отворена џамијата „Таксим“ во Истанбул

Свеченото отворање ќе се одржи по џума намаз (петочната молитва), а ќе присуствува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1647146
Денеска свечено ќе биде отворена џамијата „Таксим“ во Истанбул
Taksim Cami 5.jpg
Taksim Cami 9.jpg
Taksim Cami 10.jpg
Taksim Camisi Açılıyor.jpg
Taksim Camii1.jpg
Taksim Cami 6.jpg
Taksim Cami 8.jpg
Taksim Cami 4.jpg
Taksim Cami 2.jpg
Taksim Cami 1.jpg

Денеска свечено ќе биде отворена новоизградената џамија на плоштадот „Таксим“ во Истанбул во која во ист момент ќе можат да клањаат намаз, да извршуваат верски обред 2.500 лица.

Свеченото отворање ќе се одржи по џума намаз (петочната молитва), а ќе присуствува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Изградбата на џамијата „Таксим“ на истоимениот плоштад на Истанбул започна на 17 февруари 2017 година и таа ќе биде едниот од симболите и на Истанбул.

Во склопот на комплексот на џамијата „Таксим“ се наоѓаат и паркинг, конференциски и изложбени сали и дигитална исламска библиотека.

Височината на џамијата изнесува 21 метар, главниот свод (куполата) е со височина од 9 метри и пречник од 28 метри. Височината на двете минариња изнесува по 61 метар.

Џамијата „Таксим“ има четири влеза, додека главната влезна врата изработена од челик е висока 7 метри и широка 3 метри и 10 сантиметри.

Освен тоа во склопот на комплексот на Џамијата „Таксим“ се наоѓа и троспратен паркинг со капацитет за 165 возила.



Слични вести