Коџа: „Од 1 јуни ќе почне вакцинација на граѓаните над 50 годишна возраст“

Потпишавме договори за откуп на 270 милиони дози вакцина, што изнесува над три пати повеќе од севкупната наша популација

1646607
Коџа: „Од 1 јуни ќе почне вакцинација на граѓаните над 50 годишна возраст“

 

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека од 1 јуни ќе се забрза програмата за вакцинација.

„Нашите граѓани над 50-годишна возраст исто така ќе бидат вакцинирани“, рече Коџа.

По состанокот на Научниот совет за борба против коронавирусот, Фахретин Коџа одржа прес конференција на која рече:

„Од 1 јуни, нашата програма за вакцинација ќе биде забрзана, а исто така ќе започне вакцинацијата на нашите граѓани над 50 годишна возраст. Коџа рече дека истражувањата и активностите за локална вакцина се во завршна фаза.

Потпишавме договори за откуп на 270 милиони дози вакцина, што изнесува над три пати повеќе од севкупната наша популација. На почетокот на идната недела, уште околу 5 милиони дози вакцини (против Ковид-19) ќе пристигнат во нашата земја. Би сакал да ја дадам радосната вест дека се приближува употребата на сопствената вакцина“.

Коџа на крајот рече дека „Според актуелните случувања и плановите за нормализација, очигледно е дека летово ќе се ослободиме од разорниот ефект на епидемијата “.



Слични вести