Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 183 лица, регистрирани се 8.426 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 183 лица, направени се 219.465 тестирања од кои се регистрирани 673 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 8.426 лица

1647020
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 183 лица, регистрирани се 8.426 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 183 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 46.970 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 219.465 тестирања од кои се дијагностицирани 673 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 8.426 лица.

Заврши лекувањето на уште 13.102 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 070 илјади 815 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr , заклучно со вчера 27 мај во 20:00 часот (по турско време) бројот на администираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 28 милиони 529 илјади 695 дози од кои 16 милиони 330 илјади 703 лица се вакцинирани со првата доза, а 12 милиони 198 илјади 992 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 

 



Слични вести