Поддршка во медицинска помош од Турција до Индија во борбата против Ковид-19

Два воени карго авиони од типот А 400М на Турските вооружени сили (ТВС) натоварени со медицински материјали полетаа од Анкара за главниот град на Индија, Њу Делхи

1645655
Поддршка во медицинска помош од Турција до Индија во борбата против Ковид-19
Türkiye'den Hindistan'a Kovid-19'la mücadele için tıbbi yardım desteği.jpg
Türkiye'den Hindistan'a Tıbbi Yardım.jpg
Türkiye'den Hindistan'a tıbbi yardım desteği.jpg
hindistan yardim.jpg
hindistan yardim.jpg
hindistan yardim.jpg

Турција и испрати медицинска помош на Индија која е едната од најмногу погодените земји од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Два воени карго авиони на Турските вооружени сили (ТВС) натоварени со медицински материјали полетаа од Анкара за главниот град на Индија, Њу Делхи.

Медицинските материјали подготвени од страна на турската Црвена полумесечина и Министерството за здравство, на инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беа натоварени на два воени карго авиони од типот А 400М на Турските вооружени сили (ТВС) на воениот аеродром Етимесгут во Анкара.

Испратената помош во медицинска помош се состои од 630 боци за кислород во износ од 9 милиони 181 илјада 789 турски лири (приближно 1 милион долари), 5 генератори за кислород, 50 апарати за дишење (респиратори) и 50 илјади кутии со таблет лекови.

На карго пратките на турски, индиски и англиски јазик беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку ли бројни надежи има зад безнадежноста. Колку ли бројни сонца има зад темнината.“

На пратките исто така стои и изразот „Со љубов од Турција за индискиот народ.“



Слични вести