Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот полски колега Мариуш Блашчак

Двајцата министри за одбрана, Хулуси Акар и Мариуш Блашчак, по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори одржаа заедничка прес-конференција.

1645653
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот полски колега Мариуш Блашчак
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Polonya Savunma Bakanı Mariusz Blaszczak2.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Polonya Savunma Bakanı Mariusz Blaszczak3.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Polonya Savunma Bakanı Mariusz Blaszczak4.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Двајцата министри, Акар и Блашчак, по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори одржаа заедничка прес-конференција.

Овде Министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласувајќи ги „пријателските и сојузничките“ односи помеѓу двете земји, истакна дека на разговорите беа разгледани билатерални и регионални, како и одбранбени и безбедносни прашања.

Велејќи дека ќе се разговара во врска со беспилотните летала (ИХА) коишто ги произведува Турција и ќе ја унапредат соработката и ќе продолжат работите за снабдување, Акар рече: „Поддршката што ја дава Полска на нашата земја во рабките на безбедносните мерки на НАТО кон Турција, е навистина значајна за нас. И поморскот патролен авион испратен од страна на Полска на Турција претставува значаен симбол, показател по прашањето на оваа наша соработка.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека се водат неопходните активности за реализирање на воздушни патролни активности во Полска и од страна на турските елементи во наредниот период.  

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, исто така во врска со наоружаните беспилотни летала (СИХА) коишто неговата земја ќе ги купи од Турција го рече следното: „Многу сум задоволен од тоа што потпишавме договор за купување на наоружаните беспилотни летала (СИХА) 'Бајрактар' кои се многу добри. Најзначајно е тоа што тоа се пробани системи чиј успех е докажан. Тие се вистинско оружје и оружје кое носи вистинска муниција и може да ја погоди утврдената цел.“ 

Блашчак се заблагодари на Акар за топлиот пречек и го покани да ја посети Полска.

 



Слични вести