Ердоган ќе оствари средба со американските фирми

Претседателот Ердоган на директорите на американските компании ќе им го сврти вниманието на придобивките на меѓународните компании кои инвестираат во Турција

1645839
Ердоган ќе оствари средба со американските фирми

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе се состане со високи раководители и извршни директори на американските компании.

Главната тема на состанокот што ќе се одржи со скоро 20 високи извршни директори преку видео конференција, ќе биде инвестициското опкружување во Турција.

Претседателот Ердоган на директорите на американските компании ќе им го сврти вниманието на придобивките на меѓународните компании кои инвестираат во Турција и ќе ги објасни можностите за инвестирање во Турција.

Ердоган ќе одговори и на прашањата на претставниците на компаниите.



Слични вести