Бајрактар: „Ова е гордост на нашата нација“

Ние ги извезуваме нашите #БајрактарТБ2СИХА (#BayraktarTB2SİHA) во Полска

1644892
Бајрактар: „Ова е гордост на нашата нација“

Халук Бајрактар, генералниот директор на компанијата „Бајкар“ во објавата на профилот на социјалните мрежи во врска со потпишувањето на договорот за извоз на Бајрактар ​​ТБ2, првото национално и оригинално вооружено беспилотно воздушно летало (СИХА) на Турција во Полска истакна:

„Ова е гордост на нашата нација“.

Халук Бајрактар ​​на својот профил на Твитер ги сподели своите ставови во врска со договорот за извоз на Бајрактар ​​ТБ2 во Полска.

Бајрактар, во пораката рече:

"Ова е гордост на нашата нација. Ние ги извезуваме нашите #БајрактарТБ2СИХА (#BayraktarTB2SİHA), еден од нашите производи со најголема додадена вредност во Полска, нашиот стратешки партнер, кој е член на НАТО и Европската унија (ЕУ). #Потфатнанационалнатехнологија (#MilliTeknolojiHamlesi) го искачува нашиот народ кој има доверба во себе и работи со голема истрајност и решителнист, на местото што го заслужува во светот.

Лидерот на технологијата „Бајкар“ Селчук Бајрактар ​​исто така објави  објава на својот профил на социјалните мрежи во врска со договорот и рече:

„Целиот софтвер, хардвер, дизајни се национални и оригинални роботски авиони. Бидејќи нив ги дизајнираа турските инженери, тие се најдобри во својата класа во светот. Ова е гордост на нашата нација. Бајрактар ја сподели и етикетата #Потфатнанационалнатехнологија (#MilliTeknolojiHamlesi).

Во објавата на корпоративниот профил на Бајкар на Твитер беше истакнато:

„Се чувствуваме гордо. Го потпишавме договорот за прв високо-технолошки извоз на вооружување на Турција во земја-членка на НАТО и ЕУ. #БајрактарТБ2СИХА (#BayraktarTB2SİHA), во инвентарот на полската армија ќе бидат на задача на европското небо“.



Слични вести