Во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во операцијата „Шепа-Гром“ којашто продолжува против терористите во северниот дел на Ирак, стана шехид (загина) еден турски војник

1644507
Во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во операцијата „Шепа-Гром“ којашто продолжува против терористите во северниот дел на Ирак, стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „За време на реализираното истоварување од хеликоптер на 23 мај 2021 година во рамките на операцијата 'Шепа-Гром' еден наш јуначки соборец беше ранет по што веднаш е префрлен на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така објави порака со сочувство за загинатиот војник.

Акар во пораката го истакна следното: „Нашиот јуначки соборец на 23 мај 2021 година стана шехид. На нашиот јуначки шехид во мое лично име и во име на припадниците на Министерството за национална одбрана му посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство и му посакувам трпение на неговото тажно семејство и на нашиот племенит народ.“



Слични вести