Прв Меѓународен симпозиум за медиуми и исламофибија од 25 до 26 мај во Анкара

Од 25 до 26 мај во „АТО Конгресиум“ во Анкара ќе се одржи 1. Меѓународен симпозиум за медиуми и исламофобија на кој се очекува да учествуваат и претседателот Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за правда Абдулхамит Ѓул

1644873
Прв Меѓународен симпозиум за медиуми и исламофибија од 25 до 26 мај во Анкара

Денеска ќе се одржи 1. Меѓународен симпозиум за медиуми и исламофобија.

Симпозиумот ќе се одржи во соработка со Високиот совет за радио-телевизија (РТУК), Претседателството за верски прашања, Универзитетот Ерџијес (ERÜ), Турската радио и телевизија (ТРТ), Фондацијата за политички, економски и општествени односи (СЕТА).

На 1. Меѓународен симпозиум за медиуми и исламофобија што ќе се одржи од 25 до 26 мај во „АТО Конгресиум“ во Анкара се очекува да учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Денеска на првиот ден на симпозиумот, по уводните излагања на четири одделни панели со учество на меѓународно ниво ќе бидат разгледани деталите посветени на медимите и исламофобијата.

На сесиите на коишто ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за правда Абдулхамит Ѓул ќе заземат учество како панелисти државни функционери, академици и новинари.

На вториот ден на симпозиумот ќе се дискутира за нословите „Лажна вест, говор на омраза“ и „Исламот приклештен во културниот расизам“ при што на учесниците ќе им бидат претставени 113 научни трудови.



Слични вести