Претседателот Ердоган го пречека полскиот претседател Андржеј Дуда со официјална церемонија

Претседателот Ердоган го пречека полскиот претседател Андржеј Дуда со официјална церемонија во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара

1644789
Претседателот Ердоган го пречека полскиот претседател Андржеј Дуда со официјална церемонија
andrzej sebastian duda-erdogan.jpg

Полскиот претседател Андржеј Дуда на покана на претседателсот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во официјална посета на Турција. 

Претседателот Ердоган својот полски колега Дуда го пречека со официјална церемонија во  претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Потоа двајцата лидери преминаа на средба лице в лице и на меѓуделегациски разговори.

За време на посетата на полскиот претседател Андржеј Дуда на Турција која што ја остварува на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе бидат разгледани со сите нивни страни билатералните односи помеѓу Турција и Полска, чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за уште повеќе развивање на соработката, а ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелни, регионални и меѓународни случувања.

Во рамките на средбите и разговорите на полскиот претседател Андржеј Дуда исто така се предвидува да бидат потпишани и низа договори за зајакнување на основата на билатералните односи помеѓу Турција и Полска.

Двајцата претседатели, Реџеп Тајјип Ердоган и Андржеј Дуда се очекува да одржат и заедничка прес-конференција.

 



Слични вести