Полскиот претседател Андржеј Дуда допатува во посета на Турција

Полскиот претседател Андржеј Дуда, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера допатува во посета на Турција кадешто на аеродромот Есенбога во Анкара беше пречекан од страна на министерот за трговија Мехмет Муш

1644263
Полскиот претседател Андржеј Дуда допатува во посета на Турција

Полскиот претседател Андржеј Дуда вчера допатува во посета на Турција кадешто ќе оствари низа официјални средби и разговори.

Претседателот Дуда на аеродромот Есенбога во Анкара беше пречекан од страна на министерот за трговија Мехмет Муш.

За време на посетата на полскиот претседател Андржеј Дуда на Турција која што ја остварува на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе бидат разгледани со сите нивни страни билатералните односи помеѓу Турција и Полска, чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за уште повеќе развивање на соработката, а ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелни, регионални и меѓународни случувања.

За време на разговорите се предвидува да бидат потпишани и низа договори за зајакнување на основата на билатералните односи помеѓу Турција и Полска.



Слични вести