Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Грција не може да постигне ништо со провокации

Хулуси Акар истакна дека Грција не може да постигне ништо со провокации и рече: „Ние сме на страната на решавање на овие проблеми во рамките на меѓународното право, добрососедските односи, со зборување со нашите грчки соседи, со одржување средби и во мир“

1644045
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Грција не може да постигне ништо со провокации
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar TCG ANADOLU2.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar TCG ANADOLU1.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералтшабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) го посети повеќенаменскиот амфибиски офанзивен брод „ТЏГ Анадолу“ („TCG Anadolu“) чија изградба продолжува во бродоградилиштето Седеф во Истанбул.

Во дадената изјава овде, министерот Акар привлече внимание на присутните проблеми во Егејот, Средоземното Море (Медитеранот) и на Кипар.

Велејќи дека Грција не може да постигне ништо со провокации, Акар ја изнесе следната констатација: „Ние сме на страната на решавање на овие проблеми во рамките на меѓународното право, добрососедските односи, со зборување со нашите грчки соседи, со одржување средби и во мир“

Тој истакна дека Грција продолжува со провокации во однос на досега реализираните активности и го рече следното: „Нашите грчки соседи со нивните активности и реторики прават се што е во нивна можност, ги вложуваат сите обиди за провоцирање, саботирање, на овие активности и овој позитивен развој.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека Грција не треба нејзините проблеми со Турција да ги прикажува како проблем меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД), Турција и НАТО и Турција и Европската унија (ЕУ).

„Тоа не е во полза на никого. И најголема штета од тоа ќе имаат Грција и грчкиот народ. Во историјата постојат бројни примери за тоа.“ - рече Акар.

 



Слични вести