Министерот Хулуси Акар: Од 1 јануари досега се неутрализирани 1.107 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека од 1 јануари 2021 година досега се неутрализирани 1.107 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1644049
Министерот Хулуси Акар: Од 1 јануари досега се неутрализирани 1.107 терористи
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar TCG ANADOLU2.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar TCG ANADOLU1.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar TCG ANADOLU.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералтшабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) го посети повеќенаменскиот амфибиски офанзивен брод „ТЏГ Анадолу“ („TCG Anadolu“) чија изградба продолжува во бродоградилиштето Седеф во Истанбул.

Во говорот што го одржа овде, министерот Акар истакна дека Турските вооруежени сили (ТВС) со голема самопожртвуваност и одлучност ја продолжуваат борбата против тероризмот и терористите.

Велејќи дека со одлучност продолжува борбата против тероризмот, Акар рече дека од 1 јануари 2021 година досега се неутрализирани 1.107 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и појасни дека успешно продолжува борбата против тероризмот внатре во границите на земјата и надвор преку границата.

Тој рече: „Нашата единствена цел внатре во земјата и надвор прекуграницата се терористите.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар укажа дека турската војска Мехметчик води голема борба против тероризмот и го рече следното: „Само од 1 јануари досега се неутрализирани 1.107 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Во операциите 'Шепа-Молња' и 'Шепа-Гром' коишто се започнати на 23 април (во северниот дел на Ирак) пак, се неутрализирани вкупно 124 терористи. Дупките (пештерите) на терористите се срушени, урнати и продолжуваат да им се рушат, уриваат врз нивните глави. Сите тамошни пештери, реки, ридови продолжуваат да се контролираат една по една од страна на Мехметчик (турската војска).“

Појаснувајќи воедно дека нема никаква разлика меѓу ЈПГ и ПКК, министерот Хулуси Акар рече: „Оваа состојба е согледана уште еднаш со последните операции во кои е неутрализиран (во северниот дел на Ирак) Софи Нуреттин, еден од т.н. челници на организацијата (во Сирија).“

 



Слични вести