Министерот Хулуси Акар направи увид на работите за изградба на корветата „МИЛГЕМ“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турскиѕте вооружени сили (ТВС) ја посети Командата на бродоградилиштето во Истанбул кадешто направи увид на работите за изградба на корветата „МИЛГЕМ“

1644183
Министерот Хулуси Акар направи увид на работите за изградба на корветата „МИЛГЕМ“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералтшабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) направи увид на лице место на работите за изградба на корветата „МИЛГЕМ“ којашто ќе биде извезена од Турција во Пакистан.

Министерот Акар за време на оваа негова посета беше информиран во врска со работите во Командата на бродоградилиштето во Истанбул, овде издаде инструкции и го посети АСФАТ кадешто се водат работите за изградба.

Инаку, во Командата на бродоградилиштето во Истанбул продолжува изградбата на двете од четирите корвети „МИЛГЕМ“ чиј главен изведувач е АСФАТ во склопот на Министерството за национална одбрана, а во рамките на проектот како најголем потфат за извоз којшто се реализира од страна на домашната национална индустрија. Изградбата на другите две корвети „МИЛГЕМ“ пак, продолжува во Бродоградилиштето во Карачи во Пакистан.

Како што се истакнува и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) работите за изградба на овие четири корвети „МИЛГЕМ“ продолжува според планираното и согласно утврдениот календар.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) го посетија и базенот за изградба на бродови во склопот на Командата на бродоградилиштето во Истанбул, а потоа учествуваа на церемонијата на отворање на дворецот Календер чија реставрација е завршена во рамките на потпишаниот протокол помеѓу Министерството за национална одбрана и Министерството за култура и туризам.



Слични вести