Претседателот Ердоган: Нашата цел е кипарскиот турски народ да располага со попросперитетна иднина

Претседателот Ердоган во говорот преку видео-конференција на церемонијата на отворање на преносниот тунел за наводнување кон Турската Република Северен Кипар (ТРСК) рече: „Нашата цел е кипарскиот турски народ да располага со попросперитетна иднина“

1643808
Претседателот Ердоган: Нашата цел е кипарскиот турски народ да располага со попросперитетна иднина
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо преку видео-конференција од дворецот Вахдеттин во Истанбул учествуваше на церемонијата на отворање на преносниот тунел за наводнување кон Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во говорот што го одржа на церемонијата, претседателот Ердоган истакна дека со помош на системот за висечки премин преку морето од татковината Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и се испорачуваат годишно 75 милиони метри кубни вода и го рече следното: „Нашата цел е кипарскиот турски народ да располага со попросперитетна иднина.“

Велејќи дека кон историските, културните и географските врски помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е додадена уште една врска, Ердоган рече: „И денеска свечено го отвораме преносниот тунел за наводнување со којшто водата на татковината ќе се обедини со берикетните (плодните) почви на Турската Република Северен Кипар. Со отворањето на земјоделските површини за наводнување ќе се обезбеди годишен раст на приходите во висина од 156 милиони лири (приближно 18,5 милиони долари) и ќе се обезбеди дополнително вработување за приближно 10 илјади лица. Со нашите проекти со коишто ќе бидат надминати потешкотиите за вода ја изнесовме нашата решителност да не го оставиме турски Кипар да зависи од други и со свои проекти да го елиминира ризикот од недостиг од вода.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна и на кипарските преговори, во врска со што го рече следното: „Веќе никој не ќе може цената на нерешението на Кипар да и ја наплатува на турската страна. Кипарскиот турски народ покажа дека нема повеќе да го толерира (поднесува) неспокојството на островот. Доколку има нови преговори тие веќе нема да се водат помеѓу две заедници, туку помеѓу две држави. Треба да се утврди како двете држави би можеле да соработуваат. Превенствено треба да се потврди еднаквиот статус на кипарските Турци и потоа да започнат преговорите. Последните неформални преговори за Кипар одржани во Женева минатиот месец завршија без напредок поради некомпромисниот став на грчката страна, одвоена од реалната состојба на островот“.

На церемонијата говореше и потпретседателот Фуат Октај кој престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и кој во оваа пригода истакна дека почвите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кои долго време како се соочуваат со недостиг од вода, ќе станат плодни со новиот систем за наводнување со прскалки и „капка по капка“.

„Економската соработка помеѓу двете земји ќе придонесе за развојот на суверената Турска Република Северен Кипар (ТРСК) која со самодоверба може да застане на свои сопствени нозе.“ - порача потпретседателот Фуат Октај.

 



Слични вести