Претседателот Ердоган: Мојата задача како претседател е да ги подготвам младите за иднината

Претседателот Ердоган истакна дека негова задача како претседател е да ги подготви младите за иднината и да ги издигне на нивото над современите цивилизации

1643776
Претседателот Ердоган: Мојата задача како претседател е да ги подготвам младите за иднината

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека негова задача како претседател е да ги подготви младите за иднината и да ги издигне на нивото на над современите цивилизации.

Ердоган рече: „Мојата задача како претседател е да ги подготвам младите за иднината и да ги издигнам на нивото на над современите цивилизации. Ете кога ќе успееме да го направиме тоа јас ќе бидам најрадосниот човек на светот.“

Претседателот Ердоган во споделената објава објави и дел од видеото од неговата средба што ја одржа со младите во Народната библиотека на 19 мај - Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот, во рамките на манифестацијата „Библиотекарски разговори“. 

 



Слични вести