Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5.013.111 лица

Во последните 24 часа беа остварени 218.683 тестови

1643855
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5.013.111 лица

 

Во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани 231 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 46.071.

Во последните 24 часа беа остварени 216.658 тестови, а беа регистрирани 835 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 8ö697.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 14.472 лица, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 5.013.111.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахретин Коџа, на неговиот профил на социјалните мрежи објави информации за постигнатите договори за вакцини.

Министерот Коџа истакна дека се постигнати договори за откуп на 100 милиони дози на вакцината Синова, 120 милиони дози на Бионтек и 50 милиони дози на вакцината Спутник развиени против коронавирус.

„Вкупно 270 милиони дози вакцини што претставува 3 пати повеќе од бројот на нашата популација. Верувајте и на оваа моќ.

Доколку граѓаните се вакцинираат, може да заврши деструктивниот ефект на епидемијата летово“ рече Коџа.



Слични вести