Изјавите на министерот Коџа и Угур Шахин

Верувам дека ќе продолжи намалувањето на бројот на случаи

1642989
Изјавите на министерот Коџа и Угур Шахин
fahrettin koca.jpg
ugur sahin.jpg

 

Наведувајќи дека дневниот број на случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) падна под 10 илјади, министерот за здравство Фахретин Коџа рече:

„Верувам дека ќе продолжи намалувањето на бројот на случаи“

Фахретин Коџа даде изјава по состанокот на Научниот совет за борбата против коронавирусот.

Наведувајќи дека претстојниот период наместо со управување со забрани, овој период сакаат да го продолжат со преземање повеќе лични мерки на претпазливост и широко распространета вакцинација, министерот Коџа рече:

„Од аспект на инфраструктурата, имаме потенцијал да направиме повеќе од 1,5 милиони вакцини на ден“.

Наведувајќи дека во рамките на истражувањата за домашната вакцина е завршена студијата фаза-2 и дека фазата-3 ќе започне во јули, Коџа рече:

„Доколку процесот во домашната вакцина заврши успешно, во септември може да се користи со одобрение за итна употреба“.

Коџа исто така изјави дека почнувајќи од јуни ќе ги намалат ограничувањата.

На онлајн состанокот на Научниот совет учествуваше и д-р Угур Шахин, високиот извршен директор на германската компанија Бионтек, која произведува вакцина против коронавирус.

Шахин на прес-конференцијата што се одржа по состанокот рече:

„Постигнат е договор (со Турција) за 120 милиони дози вакцина. Во јуни сакаме да донесеме 30 милиони дози. До крајот на јули, август и септември оваа бројка сакаме да ја заокружиме на 120 милиони дози. Нашата вакцина ефикасно делува и против мутациите. Нашата вакцина е ефикасна врз повеќе од 30 мутации“.

Изјавувајќи дека во Турција ќе дојде во јуни, Шахин рече:

„Ние сакаме да произведуваме вакцини и да правиме истражување и развој (R&D) во Турција“.



Слични вести