Ердоган: Нашата домашна вакцина заедно со нашите граѓани ќе му ја ставиме на располагање на целото човештво

Претседателот Ердоган во испратената видео порака на Глобалниот здравствен самит рече: Нашата домашна вакцина заедно со нашите граѓани ќе му ја ставиме на располагање на целото човештво

1643491
Ердоган: Нашата домашна вакцина заедно со нашите граѓани ќе му ја ставиме на располагање на целото човештво

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во испратената видео порака на Глобалниот здравствен самит истакна дека Турција заклучно со денеска администрира вкупно 27 милиони дози вакцини од кои 12 милиони се втора доза и дека продолжуваат и работите за производство на домашна вакцина. 

Тој рече: „Како Турција уште од првите денови на епидемијата можностите со коишто располагаме заедно со нашите граѓани ги мобилизиравме и за пријателските и братските земји.“

Информирајќи дека на 158 земји и 12 меѓународни организации им беа испратени различни медицински уреди и опрема меѓу кои и домашни апарати за дишење, претседателот Ердоган во врска со пристапот до вакцина рече: „Гледаме дека се доживуваат сериозни неправди во глобална мера. Досега 80 отсто од вакцините се употребени од страна на земјите со високи или средни приходи.“

„Се трудевме вакцините со коишто располагаме да ги споделиме со другите земји. Нашата домашна вакцина, веднаш штом ќе биде готова, заедно со нашите граѓани ќе му ја ставиме на располагање на целото човештво.“ - рече Тој. 

Претседателот Ердоган во продолжение го истакна следното: „Мерките за контрола што ќе бидат преземени против епидениите треба да бидат координирани и пропорционални, да ја надгледуваат чувствителната рамнотежа помеѓу здравството и економијата и да ја зацврстуваат централната положба на Светската здравствена организација (СЗО). Во тој контекст, не треба да се доведе до градење на нови ѕидови и до еден вид нова дискриминација помеѓу вакцинираните и невакцинираните.“

Велејќи „Нема појаснување за тоа одредена земја членка на Светската здравствена организација (СЗО) да не ја прифаќа одобрената вакцина на оваа организација,“ Ердоган рече: „Треба да се обезбедат неопходните здравствени и хигиенски услови и да се отворат меѓународните патувања и туризмот.“

„Формирањето на 'банка на податоци за добри применувања' меѓу земјите на Г-20 ќе го олесни преземањето на мерки против кризите. Она што го доживеавме во последната една и пол година ни даде многу силна лекција од аспект на надминување на недостатоците коишто се согледуваат во меѓународниот систем и изградба на еден поправеден поредок. Здравството не е привилегија, туку е право за сите. Заедничка должност на сите нас е да им оставиме на нашите чеда поправеден свет во којшто може да се живее подобро и еден попросперитетен свет. Како Турција ќе продолжиме да работиме за воспоставување на еден таков свет.“ - истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

 



Слични вести