Алтун: „Израел мора веднаш да биде запрен“

Ставот на Турција против израелските терористички акти и окупаторската политика е јасен

1642978
Алтун: „Израел мора веднаш да биде запрен“

 

Директорот за комуникации при претседателството Фахретин Алтун рече дека Израел, кој е единствен одговорен за воените злосторства во Ерусалим, Западниот брег и Газа, треба веднаш да се запре.

Фахретин Алтун, во објавата на својот профил на Твитер, ги објави изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на чија седница беше разгледана кризата меѓу Израел и Палестина.

Алтун го забележа следното:

„Ставот на Турција против израелските терористички акти и окупаторската политика е јасен. Израел, единствениот одговорен за воените злосторства во Ерусалим, Западниот брег и Газа, мора веднаш да биде запрен. Мора да се воспостави меѓународен механизам за заштита за Палестинците со воени и финансиски придонеси“.



Слични вести