Турција остро реагираше против Грција

Не треба да се заборават злосторствата извршени директно од Грција, која се обиде да ја окупира Анадолија како алатка на империјалистичките сили во тој период

1642342
Турција остро реагираше против Грција

Турција соопшти дека ги отфрла неоснованите и заблудни соопштенија објавени од Грчкиот парламент и неговите органи под изговор годишнината од 19 мај 1919 година за искривување на историјата.

Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи беше истакнато следното:

„Борбата за независност, што беше иницирана на 19 мај 1919 година под раководство на големиот водач Мустафа Кемал Ататурк, против империјалистичките сили кои сакаа да ја заробат нашата татковина, не резултираше само со победа кој пат водеше кон независноста и слободата, туку истовремено го отвори патот на основањето  на нашата Република и окончувањето на злосторствата на окупаторските сили и бандите под нивна контрола, кои извршија нехумани злосторства во Анадолија. Нашата борба беше извор на инспирација за угнетените нации кои копнееја по независност“.

Во соопштението беше забележано дека не треба да се заборават злосторствата извршени директно од Грција, која се обиде да ја окупира Анадолија како алатка на империјалистичките сили во тој период.

„Ние целосно ги отфрламе неоснованите и заблудни соопштенија објавени од грчкиот парламент и неговите органи под изговор на годишнината од 19 мај 1919 година, за да се искриви историјата во целост“.

Во соопштението беше објавено дека искривените обвинувања на антитурските лобија, кои немаат историска основа, се изнесени на дневен ред надвор од Грција и истите се обид за измама на трети земји, поради што се осудуваат.

Во соопштението, грчкото раководство беше повикано да се соочи со сопствената историја и да се потсети на грчкото злосторство што се рефлектираше во извештаите на Комисијата за истрага, чии акти според 59-от член од Лозанскиот мировен договор беа регистрирани спротивно на законот на војната, поради што Грција беше повикана да ги прифати историските факти.

Во соопштението беа употребени следните изрази:

„По војната за независност, има важни лекции што денешното грчко раководство треба да ги извлече од фактот дека грчкиот премиер Венизелос го номинираше Мустафа Кемал Ататурк, основачот на нашата Република, кој ја водеше борбата за независност на 19.05.1919 за Нобелова Награда за мир. Ве повикуваме да работиме заедно за стабилност и просперитетна иднина, без да ги искривувате вистините“.



Слични вести