Турција остро реагираше на повикот на ЕП во врска со идеалистичкото движење

Расизмот и фашизмот се изрази кои припаѓаат на западниот политички жаргон

1642459
Турција остро реагираше на повикот на ЕП во врска со идеалистичкото движење

Турција соопшти дека повикот во Извештајот на Европскиот парламент (ЕП) 2019-2020 за Турција, до земјите членки „да ја испитаат можноста за додавање на идеалистичкото движење на списокот на терористички организации на Европската унија (ЕУ), да ги забранат нивните здруженија и внимателно да ги следат нивните активности открива каква противречност и предрасуда има ЕП, кој треба да биде негов застапник“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Танжу Билгич, во неговиот писмени одговор на прашањето на оваа тема рече:

„Статијата за која станува збор открива каква противречност и предрасуда има ЕП, којшто треба да биде бранител на слободата на изразување и мислење“.

Билгич го забележа следново:

„Додека активностите на здруженијата поврзани со терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и ФЕТО се толерираат во некои земји-членки на ЕУ под плаштот слобода на изразување и демократија, повикот за вклучување на легалното  идеалистичко движење, кое е длабоко вкоренеето со политичката партија во нашата земја, на списокот на терористички организации на ЕУ, единствено би можело да се објасни со поимот абдикација на разумот. Расизмот и фашизмот се изрази кои припаѓаат на западниот политички жаргон и не треба да ја мешаат оваа политичка линија со разбирањето на национализмот во Турција. Овие видови клевети кои се изнесуваат од страна на ерменската дијаспора, средините на ПКК и ФЕТО кои се против Турција, а коишто се користат за злоупотреба во политиката се уште еден показател за тоа како ЕП е одвоен од реалноста и европските вредности “.



Слични вести