Претседателот Ердоган се состана со младите

Израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху никогаш не бил и нема да биде наш пријател

1642302
Претседателот Ердоган се состана со младите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган вчера со младите се состана во библиотеката „Милет“.

Одговарајќи на актуелните прашања на младите во врска со дневниот ред, Ердоган реагираше на израелските напади врз Газа и рече: „Израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху никогаш не бил и нема да биде наш пријател. Ние ќе продолжиме по нашиот пат борејќи се со борбата што ја водевме досега и од сега натаму против Нетанјаху“.

Повторувајќи ја турката поддршка на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ердоган рече:

„Се надевам дека на 20 јули ќе бидам во Кипар и од Северен Кипар ќе ги упатам потребните пораки до целиот свет.

Нагласувајќи дека добиле и добри вести од Источен Медитеран, Ердоган рече:

„Со овие добри вести, се надевам дека ќе ги добиете вестите за нафта, природен гас, затоа немојте да се изненадите“.

Во освртот на борбата против тероризмот, Ердоган рече дека до денес ги неутрализирале таканаречените високи членови на сепаратистичката терористичка организација ЈПГ / ПКК, како што е Софи Нуретин, кој бил одговорен за Сирија, потенцирајќи дека нивната цел е подрачјето Кандил (во Ирак) каде се вгнездени терористите.

Во врска со борбата против терористичката организација ФЕТО, Ердоган рече:

„Наскоро ќе објавиме важно име од тимот на ФЕТО, кој го имаме во рацете. Имајќи во предвид кого фативме, нашите безбедносни органи го зедоа неговиот исказ и наскоро ќе го објавиме и неговото име“.



Слични вести