Во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Шепа-Гром“ во областа Авашн-Басјан во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1642053
Во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) којашто се реализира во областа Авашн-Басјан во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Министерството за национална одбрана на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека е реализирана операција во областа Авашин-Басјан на северот на Ирак.

Министерството истакна дека во рамките на операцијата се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле утврдени во наведената област.

На тој начин, бројот на неутрализираните терористи досега во операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) во северниот дел на Ирак се зголеми на 116.



Слични вести