Реакција од МНР на Турција до Стејт департментот поради изнесените обвинувања кон претседателот Ердоган

Министерството за надворешни работи на Турција покажа реакција против Стејт департментот на САД во врска со обвинувањата кон претседателот Ердоган

1642021
Реакција од МНР на Турција до Стејт департментот поради изнесените обвинувања кон претседателот Ердоган

Турција соопшти дека целосно го отфрлува соопштението на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) во кое претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обвинува за вршење антисемитизам.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Американската управа, наместо да изнесува неправедни и невистинити обвинувања кон нашите лидери ја повикуваме да вложува напори за стопирање нападите на Израел врз цивилниот народ. Укинувањето на ветото во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) ќе биде најзначаен чекор којшто би можел да се фрли на ова поле.“

Во соопштението на МНР се вели: „Цел на изјавите на нашиот почитуван претседател не се Евреите, туку израелската Влада која со нападите врз Палестина коишто ги продолжува со денови без правење никаква разлика станува причина за гинење на голем број невини Палестинци од кои поголемиот дел го сочинуваат деца, жени и млади. од друга страна, нашиот почитуван претседател посети на изјавите на еден поранешен израелски премиер.“ 

Се истакнува дека кај турското општество се покажува почит кон сите верувања, постои култура на заедничко живеење во мир на групи од различна религија и различно верување и дека антисемитизмот никогаш не можел да најде засолниште (уточиште) кај турското општество.

„Териториите на нашата земја стотици години станаа татковина на голем број Евреи кои најпрвин бегаа од инквизицијата, а потоа се време на Втората светска војна од Холокаустот. Храбрите турски дипломати за време на Холокаустот помогнаа во спасувањето на стотици Евреи. Нашите еврејски граѓани на овие територии стотици години живеат во мир и спокојство, без да бидат подоложени на било каква дискриминација.“ - се вели во соопштението, а воедно се потсетува дека Турција се наоѓа меѓу главните доставувачи на одлуката на Советот за човекови права при Обединетите нации (ОН) во која антиземитизмот за прв пат е дефиниран како прекршување на човековите права, а исто така антисемитизмот лично од страна на претседателот Ердоган безброј пати е окарактеризиран и проколнат како злосторство против човештвото. 

Во соопштението на МНР се вели следното: „Изразот антисемитизам не треба да се злоупотребува од страна на сегашната израелска управа со цел да се ослободи од нападите коишто ги продолжува против палестинскиот народ и од критикување на нејзините политики на етничко, верско и културно чистење коишто ги спроведува систематски на окупираните територии, како и за да и се обезбеди имунитет на изралската управа на ова поле.“

Воедно се привлекува внимание дека како последно се виде до какви очајни димензии достигнаа иницијативите за обезбедување имунитет за Израел, со тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) кој инаку е одговорен за одбрана на меѓународниот мир и безбедноста поради попречувањето на една земја членка е исклучен во однос на едно значајно прашање како што е израелско-палестинскиот спор.

Се нагласува дека не е случајно тоа што е ист изворот на неправедните обвинувања кон претседателот Ердоган и иницијативите за обезбедување меѓународен имунитет за Израел во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

„Американската администрација која поради политички и популистички причини настаните од 1915 година ги нарече 'геноцид', а кои се дискутабилни и спорни  од историски аспект и за нив нема никакви конкретни податоци, документи и докази, ги поддржува израелските напади коишто се одвиваат пред очите на целиот свет. Тоа претставува сериозен парадокс и нашиот претседател го привлече вниманието кон тој парадокс.

Политиките коишто моментално ги следи администрацијата на САД која дојде на власт со нејзините постулати за светски поредок заснован на правото и владеењето на меѓународното право, всушноста се косат со овие дискурси.

Американската управа, наместо да изнесува неправедни и невистинити обвинувања кон нашите лидери ја повикуваме да вложува напори за стопирање нападите на Израел врз цивилниот народ. Укинувањето на ветото во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) ќе биде најзначаен чекор којшто би можел да се фрли на ова поле.“ - стои во соопштението на МНР на Турција.

 

 



Слични вести