Порака од претседателот Ердоган по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека со зајакнувањето, растот, напредувањето на Турција на патот на регионалното и глобалното лидерство ќе продолжат да им пружаат уште поголеми можности на младите

1641763
Порака од претседателот Ердоган по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот.

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека со зајакнувањето, растот, напредувањето на Турција на патот на регионалното и глобалното лидерство ќе продолжат да им пружаат уште поголеми можности на младите.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во објавената порака по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот истакна дека 19 мај 1919 година е историски ден кога Гази Мустафа Кемал со силата којашто турскиот народ ја добива од своето верување во независноста, ја започна народно-ослободителната борба.

Ердоган рече: „Во борбата што ја водевме против империјалистичките и колонијалистичките сили, нашиот народ со непоколеблива одлучност, во единство и заедништво се истакна за да се крене наново на нозе. Турскиот народ во текот на борбата за независност испречувајќи се со своите гради пред непријателот со невиден елан и невидена храброст, го одбрани своето знаме и постигна епска победа.“

Нагласувајќи дека и младите со јунаштвото и еланот што го покажаа во секој период од националната борба до денеска покажаа дека се надеж за земјата, претседателот Ердоган во продолжение го истакна следното:

„Денеска, и ние со силата којашто ја добиваме од нашата цивилизација на наука и знаење во чиј центар е поставен човекот и со енергијата што ја добиваме од нашите млади, работиме со сета сила за да ги крунисаме нашите славни победи, за да ја носите нашата земја кон поставените цели за 2023 година и за во иднина. Верувам дека нашите млади застанувајќи во одбрана на визијата, целите и нашите вредности ќе го носат многу понапред знамето коешто ќе го преземат, со нивните успеси на национално и меѓународно ниво ќе продолжат силно да ја претставуваат нашата земја.

Како земја која својата стратегија ја применува на терен и на маса со своите национални и домашни можности во сите полиња, која со сигурни чекори напредува кон своите цели, се гордееме со придонесите и успесите на нашите млади во овој процес, секогаш имаме доверба кон нив. Нашите млади очекуваме на најдобар начин да ги искористат можностите коишто им ги пружаме во сите полиња од образованието до вработувањето, од уметноста до спортот, поддршката што им ја даваме во светла Турција што ја градиме за нив.

Со зајакнувањето, растот, напредувањето на Турција на патот на регионалното и глобалното лидерство ќе продолжиме да им пружаме уште поголеми можности на нашите млади. Верувам дека сите наши млади со одговорност ќе вложуваат напори во правец на довербата и надежта што се негува не само за нашиот сопствен народ, за сите угнетени насекаде низ светот. Со овие мисли повторно го честитам 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот, со почит се сеќавам на сите јунаци на нашата борба за слобода на чело со Гази Мустафа Кемал.“

 



Слични вести