Од претседателот Ердоган до САД: Онаму кадешто ќе видиме зулум нашиот глас ќе се слуша најсилно

Претседателот Ердоган својата реакција на соопштението на Стејт департментот на САД ја изнесе со следните зборови: „Ни велат 'Ердоган да не зборува така'. Што да прави, дали да аплаудира? Онаму кадешто ќе видиме зулум нашиот глас ќе се слуша најсилно.“

1642062
Од претседателот Ердоган до САД: Онаму кадешто ќе видиме зулум нашиот глас ќе се слуша најсилно

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа во Конгресниот и културен центар „Народ“ во Бештепе, во Анкара по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот на средбата со младите претставници и промотивната порграма ТРТ Спор Јилдиз, покажа реакција на соопштението на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД).

Ердоган рече: „Ни велат 'Ердоган да не зборува така'. Што да прави, дали да аплаудира? Онаму кадешто ќе видиме зулум нашиот глас ќе се слуша најсилно. На повеќето места кадешто со векови се живееше во спокојство под кровот на правдата и безбедноста на нашите предци, денеска лутаат зулумот, судирот, омразата, гневот.“

„(Во Палестина) Пред очите на сите, со најсовремено тешко вооружување се убиваат стотици невини луѓе од кои повеќето деца и жени. Не постои нешто од видот на тоа дека силниот секогаш е во право. Ја има Турција за формирање на свет во кој веруваме дека праведниот е силен.“ - рече Тој.

Велејќи дека во Ерусалим (Кудс), во Газа не умираат само само децата, таму умираат човештвото и хуманоста, претседателот Ердоган во врса со нападите на Израел врз Газа, го рече следното: „Меѓународните институции и државите кои проповедаат демократија, човекови права, право, правда, слобода, безбедност, во молк (безгласно) го набљудуваат овој зулум.

Ердоган истакна дека оние кои ги затнуваат своите уши пред криковите на угнетените кои стенкаат потиснати под зулумот на Израел, всушност си ја спремаат сопствената катастрофа.

„Ако денеска останеме безгласни пред случувањата во Ерусалим (Кудс) знаеме дека утре ќе им дојде редот на нашите други свети градови. Онака како што ги гмечиме главите на терористичките организации кои целат против нашата земја, ќе продолжиме да водиме борба и против оние кои нашиот регион го облеваат во крв и оган.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести