Неутрализиран терорист од црвената категорија на барани терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е неутрализиран уште еден терорист од списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја по име Ајдин Шимшек познат под кодното име „Агит Бисмил“

1641794
Неутрализиран терорист од црвената категорија на барани терористи

Неутрализиран уште еден терорист од списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја по име Ајдин Шимшек познат под кодното име „Агит Бисмил“.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспостваување на безбедноста во земјата по добиени разузнавачки информации од Националната разузнавачка служба (МИТ) е реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир

Во операцијата во која учествуваа специјални жандармериски сили (JÖH) и жандармериски командоски единици, како и наоружани/ненаоружани беспилотни летала (СИХА/ИХА) се неутрализирани уште двајца терористи.

Како што е установено, едниот од неутрализираните терористи е лицето по име Ајдин Шимшек познат по кодното име „Агит Бисмил“ кој делувал како т.н. одговорен за Дијарбакир, се наоѓал на списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја и по него била распишана награда во износ од 10 милиони турски лири (приближно 840 илјади долари).

Неутрализираниот терорист бил извршител и нарачател за извршување на крвави терористички акции од 2018 година досега во кои се убиени и ранети повеќе граѓани.



Слични вести