Во близина на Сеферихисар кај Измир и Мармарис кај Мугла се спасени 43 мигранти

Во близина на Сеферихисар кај Измир и Мармарис кај Мугла се спасени 43 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1641117
Во близина на Сеферихисар кај Измир и Мармарис кај Мугла се спасени 43 мигранти
Düzensiz Göçmen Ege 1.jpg

Од Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир и населеното место Мармарис кај градот Мугла се спасени и извадени на копно 43 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Во близина на Сеферихисар кај Измир од страна на авион на турската крајбрежна стража беше установено дека група мигранти од страна на грчките елементи се турнати и оставени во турските територијални води.

На местото на настанот беше испратен чамец и од два сплава беа спасени 32 мигранти.

По добиени информации за група мигранти качени на гумен чамец и во близина на Мармарис кај градот Мугла на утврденото место беа испратени екипи на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени и извадени на копно 11 лица за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција.



Слични вести