Турција ги осуди изјавите на австрискиот министер за внатрешни работи

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека во целост се отфрлуваат и осудуваат изјавите откинати од вистината коишто ги даде австрискиот министер за внатрешни работи во врска со Турција и претседателот Ердоган

1641078
Турција ги осуди изјавите на австрискиот министер за внатрешни работи

Анкара ги осуди изјавите откинати од вистината коишто ги даде австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер во врска Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Во целост ги отфрлуваме и осудуваме изјавите откинати од вистината коишто ги даде австрискиот министер за внатрешни работи во врска со нашата земја и со нашиот почитуван претседател, во контекст на одржаните протести во Виена против ѕверските напади на Израел врз Палестинците.“

Портпаролот Билгич го додаде и следното: „Ги повикувам австриските власти да стават крај на овие видови изјави против Турција коишто се изнесуваат потполно поради внатрешно-политички грижи и им наштетуваат на турско-австриските односи.“



Слични вести