МНО ги сподели снимките од моментот на неутрализирање на терористот Софи Нуреттин

Министерството за национална одбрана ги сподели снимките од моментот на операцијата во која беше неутрализиран терористот под кодно име „Софи Нуреттин“ т.н. висок раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК одговорен за Сирија

1641673
МНО ги сподели снимките од моментот на неутрализирање на терористот Софи Нуреттин

Министерството за национална одбрана (МНО) ги сподели снимките од операцијата во која беше неутрализиран терористот по име Халеф Ел Мухамед познат под кодното име „Софи Нуреттин“ т.н. висок раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК одговорен за Сирија.

Во објавеното соопштение од Министерството се потсетува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека терористот под кодно име Софи Нуреттин т.н. висок раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ е неутрализиран во реализирана координирана операција на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) во една пештера во која се криел во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се истакнува дека терористот под кодно име Софи Нуреттин т.н. генерален одговорен ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ за Сирија по кого од страна на ИНТЕРПОЛ се трага со црвена потерница преминал во северниот дел на Ирак и дека тоа уште еднаш покажа дека ЈПГ/ПЈД е сириски продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

„Им честитаме на безимените јунаци на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) кои со успешна реализирана прекугранична операција неутрализираа еден т.н. висок раководител на терористичката организација ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ. Не може да избега од полагање сметка ниту една терористичка организација и ниту еден терорист кои целат против нашата земја и нашиот племенит народ.“



Слични вести