Министерот Сојлу им честита на МИТ и ТВС за неутрализираниот терористички челник Софи Нуреттин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака во врска со неутрализирањето на терористот под кодно име Софи Нуреттин т.н. раководител, челник на терористичката ПКК одговорен за Сирија

1641138
Министерот Сојлу им честита на МИТ и ТВС за неутрализираниот терористички челник Софи Нуреттин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу им честита на Националната разузнавачка служба (МИТ) и на Турските вооружени сили (ТВС) од чија страна во северниот дел на Ирак е неутрализиран терористот под кодно име Софи Нуреттин, т.н. раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК одговорен за Сирија.

Министерот Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака во врска со неутрализирањето на терористот под кодно име Софи Нуреттин т.н. раководител, челник на терористичката ПКК одговорен за Сирија.

Сулејман Сојлу во пораката нагласи дека терористот Софи Нуреттин е неутрализиран со решителниот став на Турција и со силната волја што ја покажува врховниот командант претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Министерот Сојлу во пораката напиша: „Истото ќе ги следува и другите терористички челници кои не можат да ја извадат својата глава од пештерите. Честитки за Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС).“



Слични вести