Чавушоглу: Никако нема да се откажеме да ја браниме палестинската кауза

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција никако нема да се откаже од поддршката на палестинската кауза

1641676
Чавушоглу: Никако нема да се откажеме да ја браниме палестинската кауза

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) истакна дека Турција никако нема да се откаже од поддршката на палестинската кауза.

Чавушоглу рече: „За жал реакцијата на меѓународната заедница повторно остана тивка. Како да се води војна помеѓу армиите на Израел и на Палестина се упатуваат повици и до двете страни. Некои безбедноста на Израел ја поставуваат пред се. Ги затворија своите очи пред воените злосторства и злосторствата против човештвото коишто се извршуваат во Газа.“

Велејќи „Во Турција постои заедничка клима на солидарност по палестинското прашање. Треба да покажеме чувствителност за зачувување на тоа.“ - Чавушоглу го рече следното: „Надежта на угнетените во Палестина и подалеку се нашиот почитуван претседател Реџеп Тајјип Ердоган и турскиот народ.“

Министерот за надворешни работи Мевлу Чавушоглу во својот говор пред Собранието го додаде и следното: „Под лидерство на нашиот претседател и со силата што ја добиваме од нашето велико Собрание никако нема да се откажеме да ја браниме палестинската кауза. Турција е предводник на дипломатските напори по палестинското прашање, Таа е гласот и ќе продолжи да е гласот на совеста и правдата во светот.“



Слични вести