Во операциите „Ерен“ кај Ширнак и Дијабакир се неутрализирани 7 терористи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека во рамките на операциите „Ерен“ се неутрализирани 7 терористи од кои 5 мина воТушимија во подрачјето на планината Џуди кај Ширнак и двајца во руралното подрачје Јајлак во Кулп кај Дијарбакир

1640586
Во операциите „Ерен“ кај Ширнак и Дијабакир се неутрализирани 7 терористи

Во период кога продолжуваат прекуграничните операции „Шепа“ („Pençe“) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, ѝ се нанесува тежок удар на терористичката организација и внатре во границите на земјата со операциите „Ерен“ коишто исто така продолжуваат со одлучност.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со серијата операции „Ерен“.

Министерот Сојлу соопшти дека во рамките на операциите „Ерен“ се неутрализирани 7 терористи од кои 5 мина во областа Тушимија во подрачјето на планината Џуди кај градот Ширнак и двајца терористи во руралното подрачје Јајлак во населеното место Кулп кај градот Дијарбакир.



Слични вести