Реакција од Турција до Советот за безбедност на ОН во врска со израелските напади врз Палестинците

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу истакна дека неприфатливо е тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) молчи пред израелските напади врз Палестина

1640453
Реакција од Турција до Советот за безбедност на ОН во врска со израелските напади врз Палестинците

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу достави писмена декларација до седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на која беа разгледани растечката тензија помеѓу Израел и Палестина и воздушните напади на Израел врз Газа.

Синирлиоглу во декларацијата истакна дека неприфатливо е тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) молчи пред израелските напади врз Палестина, ги осуди агресивноста и воздушните напади на Израел и го изрази своето сочувство до палестинскиот народ за невините човечки загуби меѓу кои има и деца и бебиња.

Феридун Синирлиоглу појасни дека за последните случувања е одговорна израелската Влада на чело со Бенјамин Нетанјаху и потсети дека Израел за време на светиот месец Рамазан се обиде да ги протера Палестинците од нивните домови во Источен Ерусалим (Кудс) и во Западниот Брег, а исто така изврши напад врз Палестинците кои го исполнуваа својот верски обред во Месџид-и Акса.

Синирлиоглу ги осуди и нападите на Израел врз училиштата во Газа кои делуваат во склопот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и истакна дека нападите врз училиштата претставуваат воено злосторство.

Упатувајќи повик за дозвола за доставување на хуманитарна помош на илјадници Палестинци во Газа кои се раселени присилно од страна на Израел, Феридун Синирлиоглу рече: „Овој Совет не може повеќе да бега од своите одговорности кон палестинскиот народ.“

Во меѓувреме, и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер направи проценка на чекорите коишто ги преземаат Обединетите нации (ОН) по прашањето на израелските напади врз Палестинците и Палестина.

Шентоп истакна дека повикот на Обединетите нации (ОН) до Израел и Палестина за стопирање на судирите е недоволен.

„Повикот на Обеиднетите нации (ОН) до Израел и Палестина за стопирање на судирите и враќање на преговорите за решение со две држави и покрај тоа што е позитивен, не претставува доволен чекор. Обединетите нации (ОН) под итно треба да ги постават на дневен ред цивилните масакри, државниот терор и злосторствата против човештвото коишто ги извршува Израел.“ - напиша претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

 



Слични вести