Претседателот Ердоган разговараше со папата Франциск за израелските напади врз Палестина

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со папата Франциск истакна дека во Палестина се доживува ужас и дека нападите на Израел не се насочени само против Палестинците, туку против сите муслимани, христијани и човештвото

1640761
Претседателот Ердоган разговараше со папата Франциск за израелските напади врз Палестина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск.

Во разговорот беа разгледани нападите на Израел врз Палестина.

Според објавеното соопштение од Министерството за комуникации, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со папата Франциск истакна дека во Палестина се доживува ужас и дека нападите на Израел не се насочени само против Палестинците, туку против сите муслимани, христијани и човештвото.

Нагласувајќи дека окупаторски Израел го попречува влезот во Месџид-и Акса и Базиликата на светиот гроб, ја ограничува слободата на извршување на своите верски обреди, ги масакрира невините цивили на палестинските територии, а воедно го гази и човечкото достоинство, претседателот Ердоган рече дека ова ѕверство се заканува и на регионалната безбедност.

Ердоган истакна дека што поскоро треба да се стави крај на бесправните и нечовечките применувања на Израел со коишто се прекршува и статусот на Ерусалим и дека целото човештво треба да се обедини против окупаторот Израел кој не се воздржува од напаѓање на светите вредности.

Тој нагласи дека меѓународната заедница треба да покаже реакција на одвраќање против Израел што ја заслужува и да му ја одржи заслужената лекција и да фрли чекори во таа насока. 

Претседателот Ердоган истакна дека како Турција сите свои напори ги интензивираат кон оваа точка, и дека водат интензивна дипломатска иницијатива на сите релевантни меѓународни платформи  на чело со Обединетите нации (ОН), но напомена дека Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) не може да ја презентира неопходната свесност за одговорност по ова прашање.

Привлекувајќи внимание дека се додека меѓународната заедница не го казни со потребните санкции Израел кој извршува злосторство против човештвото Палестинците ќе продолжат да бидат подложени на масакри, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека пораката и реакциите коишто ќе продолжи да ги доставува папата Франциск по ова прашање се од големо значење од аспект на мобилизирање на христијанскиот свет и меѓународната заедница.

 



Слични вести