Претседателот Ердоган: На северот на Ирак е неутрализиран терорист т.н. раководител на ПКК за Сирија

Претседателот Ердоган соопшти дека со реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во северниот дел на Ирак е неутрализиран терористот под кодно име Софи Нуреттин, еден од челниците на ПКК, т.н. раководител за Сирија

1641017
Претседателот Ердоган: На северот на Ирак е неутрализиран терорист т.н. раководител на ПКК за Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по состанокот на претседателскиот кабинет соопшти дека со реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во северниот дел на Ирак е неутрализиран терористот под кодно име Софи Нуреттин, еден од челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, т.н. раководител за Сирија.

Претседателот Ердоган рече: „Овој терорист кој е извршител на голем број крвави акции, е одговорен и за голем број извршени напади против нашите војници во операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче (коишто се реализирани од страна на Турските вооружени сили во северниот дел на Сирија). Овој терорист е и едниот од оние кои ја издадоа наредбата за убивање на нашите 13 невини граѓани за време на операцијата во Гара.“  

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека неутрализирањето на терористот Софи Нуреттин ја изнесува вистината на начин што не може да се негира тоа дека ПКК/КЏК и ПЈД/ЈПГ се иста терористичка организација.



Слични вести