Од Ердоган до Бајден за одобрената продажба на оружје на Израел: Пишувате историја во Газа со вашите крвави раце

Претседателот Ердоган во врска со одобрувањето на продажбата на оружје на Израел од страна на американскиот претседател Џо Бајден, реагираше со зборовите: „Вие пишувате историја (во Газа) со вашите крвави раце“

1641022
Од Ердоган до Бајден за одобрената продажба на оружје на Израел: Пишувате историја во Газа со вашите крвави раце
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklama.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklama1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklama2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklama3.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklama4.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklama5.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет, во врска со одобрувањето на продажбата на оружје на Израел од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, реагираше со зборовите: „Вие пишувате историја (во Газа) со вашите крвави раце. И денеска повторно потсетувам, 84 милиони, ја продолжуваме, ќе ја продолжиме нашата стража за чување на Ерусалим (Кудс). Палестинските територии се облеваат во крв, вие давате поддршка на тоа.“

Велејќи „Тоа што САД и земјите кои ги следеа нив на крајот на 2017 година го прогласија Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, го зголеми апетитот на оваа држава убиец за пролевање крв“, претседателот Ердоган рече: „Овие (Израел) се убијци до мера да убиваат 5-6 годишни деца, да убиваат жени, стари. На овие им нема сличен.“ 

Инаку, американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека одобри продажба на оружје на Израел во вредност од 735 милиони долари.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги повика сите меѓународни организации да ги преземат потребните чекори и мерки за заштита на Палестинците и го рече следното: „Ги повикуваме Обединетите нации (ОН), Советот за безбедност на ОН, Организацијата за исламска соработка (ОИС) и сите други меѓународни организации да работат во корист на угнетените Палестинци и Ерусалим (Кудс).“

Истакнувајќи дека ја проколнува и Австрија која во знак на поддршка на Израел на својата владина зграда постави израелско знаме, Ердоган рече: „Изгледа државата Австрија се обидува да обезбеди сметката за Евреите кои ги подложи на геноцид да им ја наплати на муслиманите.“

Претседателот Ердоган, исто така предложи формирање на комисија од претставници на трите главни религии кои ќе управуваат со Ерусалим (Кудс) во врска со што го рече следното: „Управувањето со Ерусалим (Кудс) од страна на комисија составена од претставници на трите големи религии, ќе биде најправилниот и доследен пат во денешни услови.“

 

 

 

 

 

 



Слични вести