Чавушоглу разговараше со својот британски колега Раб за последните случувања во Палестина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот британски колега Доминик Раб за последните случувања во Палестина

1640758
Чавушоглу разговараше со својот британски колега Раб за последните случувања во Палестина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот британски колега Доминик Раб. 

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Раб, во телефонскиот разговор ги разгледаа последните случувања во Палестина и чекорите коишто ќе бидат фрлени на меѓународно ниво.

Во тие рамки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание на израелското злосторство во Палестина и нагласи дека од животно значење е меѓународната заедница да даде посилен одговор на тоа.

Чавушоглу кој ја продолжува телефонската дипломатија вчера оствари телефонски разговори и со своите колеги од Катар, Палестина и Пакистан.

 



Слични вести