Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Ерен“ се зголеми на 10

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека бројот на неутрализираните терористи во операциите „Ерен-13“ коишто се спроведуваат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се зголеми на 10

1640903
Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Ерен“ се зголеми на 10

Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Ерен-13“ коишто се спроведуваат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се зголеми на 10.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во рамките на операциите „Ерен-13“ во руралното подрачје Јассидаг во населеното место Ерух кај градот Сиирт се неутрализирани уште тројца терористи, со што заедно со претходно неутрализираните 7 терористи оваа бројка се зголеми на 10.

Министерот Сојлу претходно на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека во рамките на операциите „Ерен“ се неутрализирани 7 терористи од кои 5 мина во областа Тушимија во подрачјето на планината Џуди кај градот Ширнак и двајца терористи во руралното подрачје Јајлак во населеното место Кулп кај градот Дијарбакир.

 



Слични вести