Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 223 лица, регистрирани се 10.174 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 223 лица, направени се 206.836 тестирања од кои се регистрирани 923 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 10.174 лица

1641024
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 223 лица, регистрирани се 10.174 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 223 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 44.983 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 206.836 тестирања од кои се дијагностицирани 923 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 10.174 лица.

Заврши лекувањето на уште 13.864 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 4 милиони 961 илјада 120 лица.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет истакна дека благодарение на преземените мерки за делумно и целосно затворање коишто беа спроведени во текот на месецот на постот Рамазан, во голема мера повторно е ставена под контрола епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во земјата.

Тој рече: „Се надеваме дека отсега ќе нема потреба од преземање на обемни и ограничувачки мерки колку порано.“

Претседателот Ердоган воедно информира дека се забрзани работите за развивање на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести