Акар: Во операциите во северниот дел на Ирак се неутрализирани 113 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак досега се неутрализирани 113 терористи

1640985
Акар: Во операциите во северниот дел на Ирак се неутрализирани 113 терористи

Под претседателство на министерот за национална одбрана Хулуси Акар се одржа состанок преку видео-конференција на кој учествуваа командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) и замениците министри за национална одбрана Јунус Емре Караосманоглу и Алпаслан Каваклиоглу.

На состанокот, министерот Акар истакна дека и покрај тешките теренски услови продолжуваат да се реализираат успешно според планираното операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се започнати едновремено против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак.

Акар информира дека досега во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ се неутрализирани 113 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

 „Во досега реализираните операции се неутрализирани 113 терористи. Заедно со тоа се оштетени и уништени 107 пештери и засолништа.“ - рече Акар.

Нагласувајќи дека борбата против тероризмот ќе продолжи се додека не биде неутрализиран и последниот терорист, министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја сподели и следната информација: „Од 1 јануари досега се неутрализирани 1.070 терористи.“

 



Слични вести