Мустафа Шентоп: Веќе дојде време да се каже стоп за државниот терор што го врши Израел

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во телефонскиот разговор со својот алжирски колега Салах Гоудџил рече: „Веќе дојде време да му се каже стоп на Израел, да се поддржува на најсилен начин Палестина во нејзината праведна кауза“

1640282
Мустафа Шентоп: Веќе дојде време да се каже стоп за државниот терор што го врши Израел

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Израел врши државен терор, дека извршува злосторство против човештвото и дека со жалење ја следат безгласноста на светот пред сето тоа.

„Веќе дојде време да му се каже стоп на Израел, да се поддржува на најсилен начин Палестина во нејзината праведна кауза.“ - рече Шентоп.

Според објавеното соопштение од претседателството на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претседателот Мустафа Шентоп оствари телефонски разговор со претседателот на Националниот совет (Сенатот) на Алжир Салах Гоудџил. 

Претседателот на Собранието Шентоп во разговорот се осврна на палестинското прашање во врска со што рече: „Израел врши државен терор, извршува злосторство против човештвото и со жалење ја следиме безгласноста на светот пред сето тоа. Веќе дојде време, а одамна и истече, да му се каже стоп на Израел, да се поддржува на најсилен начин Палестина во нејзината праведна кауза. Како Турција како досега, така и отсега со одлучност ќе стоиме покрај борбата за слобода и правда на нашите палестински браќа.“

Претседателот на Националниот совет (Сенатот) на Алжир Салах Гоудџил пак, во телефонскиот разговор го рече следното: „Палестинското прашање навистина стои пред нас како многу голем проблем не само за исламскиот свет, туку за целиот свет. Во моментов постои активен ционизам во регионот. Што би можеле да направиме, како би можеле да застанеме против него, сигурно треба да го разгледаме тоа.“

 



Слични вести