Ердоган и Рухани разговараа за израелските напади врз Палестинците

Претседателот Ердоган во телефонзкиот разговор со иранскиот претседател Рухани истакна дека Турција ја изнесува на најсилен начин својата реакција против нападите и зулумот (злосторствата) коишто ги извршува Израел во Палестина

1640255
Ердоган и Рухани разговараа за израелските напади врз Палестинците

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Претседателот Ердоган истакна дека во телефонскиот разговор беше разговарано за зулумот на управата во Тел Авив врз Палестинците и рече дека „и меѓународната заедница треба да му одржи силна и одвраќачка лекција на Израел пред овие негови перверзни напади.“

Велејќи дека Турција ја изнесува на најсилен начин својата реакција против нападите и зулумот (злосторствата) коишто ги извршува Израел во Палестина, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор исто така му рече на иранскиот претседател Хасан Рухани дека во тие рамки исламскиот свет мора да биде обединет во говорот и акцијата.

Во нападите на Израел врз Палестинците од 10 мај досега животите ги загубија 181 лице меѓу кои се наоѓаат и 52 деца.

 



Слични вести