Реакции од Алтун и Калин против израелското бомбардирање на канцелариите на „АП“ и „Ал Џезира“ во Газа

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Израел за да ги прикрие масакрите ги бомбардира и канцелариите на медиумите“

1639901
Реакции од Алтун и Калин против израелското бомбардирање на канцелариите на „АП“ и „Ал Џезира“ во Газа

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека окупаторската држава Израел нанесува удар и врз слободата на печатот во чии рамки ги бомбардира и канцелариите на американската новинска агенција „Асошиетед прес“ (АП) и на катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“.

Алтун во својата порака напиша: „Израел продолжува да врши масакри и воено злосторство. Окупаторската држава Израел која ги бомбардира канцелариите на 'Асошиетед прес' (АП) и 'Ал Џезира' нанесува удар и врз слободата на печатот. Ги проколнувам овие понизни напади на Израел кој за прикривање на своите масакри ги погодува центрите за печат.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на својот профил на социјалната медија исто така покажа реакција против нападите на Израел насочени против печатот.

Калин во споделената објава напиша: „Израел додаде уште едно ново прекршување на човековите права и на воените злосторства на палестинските територии и го постави на цел меѓународниот печат. Го проколнуваме зулумот на Израел којшто не признава никакви вредности и граници. Нашата борба со оваа малигна (злоќудна) моќ ќе продолжи се додека не заврши окупацијата и додека не биде целосно ослободена Палестина.“

 



Слични вести