Мевлут Чавушоглу ја продолжува телефонската дипломатија за Палестина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телфонски со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и со безбедносна политика Жозеп Борел и суданскиот министер за надворешни работи Мариам Ал-Садик Ал-Махди

1639914
Мевлут Чавушоглу ја продолжува телефонската дипломатија за Палестина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој ја продолжува телефонската дипломатија за Палестина оствари телефонски разговори со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и суданскиот министер за надворешни работи Мариам Ал-Садик Ал-Махди.

Во овие остварени одделни телефонски разговори беа разгледани најновите случувања во Палестина и чекорите коишто ќе бидат преземени по ова прашање.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер по повод одбележувањето на 73-годишнината од Накба (Големата катастрофа) го напиша следното: „На 73-годишнината од катастрофата Накба кога беа протерани од својата татковина стотици илјади Палестинци, палестинскиот народ се уште е подложен на етничко, верско и културно чистење. Стоиме покрај нашите палестински браќа до крај во нивната борба за слобода и достоинство.“



Слични вести