Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Шепа-Молња“ се зголеми на 111

Министерството за национална одбрана соопшти дека бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Шепа-Молња“ во северниот дел на Ирак се зголеми на 111

1639908
Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Шепа-Молња“ се зголеми на 111

Бројот на неутрализираните терористи во прекуграничната операција „Шепа-Молња“ којашто продолжува да се спроведува против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак се зголеми на 111.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека од страна на снајперисти кои учествуваат во операцијата „Шепа-Молња“ во областа Метина во северниот дел на Ирак е неутрализиран еден терорист.

Во соопштението се вели дека терористот на ПКК кој се подготвувал за напад е застрелан во скривницата во која се криел и дека на тој начин бројот на неутрализираните терористи во операцијата се зголеми на 111 лица.

Министерството за национална одбрана во своето претходно објавено соопштение истакна дека од страна на Воздухопловните сили во областа Метина се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

 



Слични вести