Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Бухари и Дибејбе

Меѓународната заедница, поради нападите врз Палестина, се обидува да ја даде потребната лекција на „Израел, на која земја и недостига право, правда и совест“

1639173
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Бухари и Дибејбе

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговори со нигерискиот претседател Мухамед Бухари и премиерот на Владата за национално единство на Либија, Абдулхамид Дибејбе.

Ердоган на средбата рече дека меѓународната заедница, поради нападите врз Палестина, се обидува да ја даде потребната лекција на „Израел, на која земја и недостига право, правда и совест“.

На телефонскиот разговор на кој беа оценети билатералните односи и регионалните случувања, Ердоган изјави дека верува оти Нигерија ќе покаже солидарност со Палестинците во нејзината праведна кауза.

На разговорот со либискиот премиер Дибејбе, претседателот Ердоган освен тоа што разговараше за билатералните односи, двајцата лидери исто така разменија мислења во врска со израелските напади на Ерусалим, Ал Акса, Газа и Палестинците.



Слични вести