Претседателот на собранието Шентоп објави порака со честитки по повод Рамазан бајрам

Рамазан-и Шериф сите суштества и личности ги опкружи со својата духовност

1638821
Претседателот на собранието Шентоп објави порака со честитки по повод Рамазан бајрам

 

Мустафа Шентоп, претседателот на Големото национално собрание на Турција рече: „Од Семоќниот посакувам празникот Рамазан бајрам да биде од клучно значење за обезбедување на мирот и спокојството во светот, за рехабилитација на злите и за прогонување на оваа епидемиска болест (Ковид-19) и донесе среќа на нашата земја и на светот“.

Претседателот на собранието, Шентоп, во видео пораката што ја објави по повод Рамазан бајрам истакна дека Рамазан-и Шериф сите суштества и личности ги опкружи со својата духовност.“

Шентоп изјави дека до денешниот празник Рамазан бајрам пристигнавме на горчлив начин поради епидемиските услови и зулумите во Палестина.

„Морална и правна одговорност е за целиот свет, особено за исламските земји, да преземат активности за спречување на етничкото чистење на Палестинците од страна на Израел, нивното протерување од татковината, запленувањето на  нивните имоти, напаѓањето на луѓето кои клањаат, забраната да не одат во Ал Акса, првата кибла на муслиманите и лишувањето од нивните легитимни права.

Турција, како до денес така и во иднина, во рамките на правата, законот и правдата решително ќе продолжи да ги користи сите можности предвидени со меѓународното право за поефикасно решавање на израелскиот проблем, кој стана најважниот проблем на нашиот регион и на светот“ рече Шентоп.

Шентоп посака празникот Рамазан бајрам да доведе до спас на човештвото, спасување на муслиманите и на сите луѓе без оглед на нивната вера, воспоставување мир и спокојство во светот и крај на епидемијата (Ковид-19).



Слични вести