Ердоган: „Вирусот на исламофобија многу бргу се шири особено во европските земји“

Сите сме сведоци на оправданоста на нашиот повик„ Светот е поголем од 5“

1638819
Ердоган: „Вирусот на исламофобија многу бргу се шири особено во европските земји“

 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека вирусот на исламофобија брзо се шири, особено во европските земји.

Претседателот Ердоган одржа говор на 5-то финале на Конкурсот за убаво читање на Светиот Куран, организиран од Турската радио-телевизиска корпорација (ТРТ).

Ердоган во оваа прилика рече: „Сите сме сведоци на оправданоста на нашиот повик„ Светот е поголем од 5“, што го упатуваме со години од говорницата на Обединетите нации. Оние што не ги испуштаат човечките права од уста, не мрднаа со прст за пристап на милијарди луѓе до вакцините (против Ковид-19). Расизмот, дискриминацијата, антиимиграцијата се само некои од социјалните болести.

Анти-исламскиот вирус, опасен како коронавирусот, се шири брзо, особено во европските земји.

Европа, каде што живеат 35 милиони муслимани, вклучително и 6 милиони Турци, постепено се претвора во затвор под отворено небо за нашите браќа и сестри“ рече Ердоган.



Слични вести